Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Германија и Франција ги исмеваат Италија и Европската унија со договорот на овие две земји чија цел е Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
– Тие исклучително мислат на сопствените национални интереси – ја цитира весникот изјавата на Конте.
Лидерите на Франција и Германија во вторникот потпишаа нов договор порачувајќи дека приоритетот на германско-француската дипломатија е Германија да биде прифатена како постојана членка на Советот за безбедност на ОН.
– Секако нашите сојузници не можат да сметаат на тоа дека ние ќе седиме и ќе молчиме и ќе гарантираме за одлуките кои ги донеле други – рече Конте.