Кина воведе царини од 25 проценти за американски производи, вредни 60 милијарди долари.
Мерката доаѓа како одговор на потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој во петокот речиси двојно ги зголеми царините за кинески производи.
Администрацијата исто така најави дека може да наметне дополнителни царини за 300 милијарди долари кинески производи.
Претходно денеска Кина навести дека ќе возврати со царини, на што Трамп жестоко реагираше, порачувајќи дека ќе станува сѐ полошо.