Неодговорен е воениот напад на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија под изговор дека сириските власти употребиле хемиско оружје, а без истрага, изјави Хуа Чуенјинг, претставничка на кинеското МНР.
– Забележавме дека високи претставници на тие три држави соопштија дека сириската власт „можеби“ употребила хемиско оружје. Сметаме дека е неодговорно извршување воена интервенција врз суверена држава со користење таков изговор – изјави таа на брифинг.
САД, Велика Британија и Франција во саботата извршија ракетни напади врз сириски владини објекти што според нив, се употребуваат за произвдоство на хемиско оружје.