Северна Кореја одржа воена парада по повод 73 -годишнината од основањето на комунистичката држава.
На фотографиите од парадата се гледаат војници и работници кои маршираат по улиците, а еден дел од нив се облечени во црвени заштитни скафандери и гас-маски.
#NorthKorea presents a toned down civilian-military parade honoring the 73rd anniversary of the founding of the Republic.
Jo Yong-won reviewed the participants in the parade. Ri Pyong-chol is now absolute toast. pic.twitter.com/nNB9zmapfY
— Devi Rhamesz (@ChrliesWarchest) September 9, 2021
Според Би-би-си, ова може да биде знак дека се формирани специјални сили за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Севернокорејските експерти посочија дека севернокорејскиот лидер изгубил доста тежина.
– Зачудувачки е колку поздраво изгледа Ким Јонг-ун на овие фотографии од парадата. Како и да успеал во тоа, тој изгледа многу подобро отколку пред неколку месеци – – објави на Твитер Мартин Вилијамс, соработник кој работи на проектот „38 Северна“ во Стимсон центарот.
Парадите на Северна Кореја имаат две функции. Во некои пригоди тие може да бидат начин да се покаже на надворешниот свет нова воена опрема и балистички ракети и покрај меѓународните санкции.
Сепак, повеќето од нив се средство за зголемување на домашната поддршка, особено во тешки времиња кога земјата е погодена со недостиг на храна.
Специјална единица во црвени скафандери овој пат го привлече вниманието и сугерираше дека Пјонгјанг сака да им покаже на своите луѓе дека, иако земјата тврди дека нема случаи на коронавирус, постојаната борба против ширењето на пандемијата продолжува.
И покрај ризикот од масовни собири, Пјонгјанг одржа три паради во последните 12 месеци, што е невообичаено често дури и за Северна Кореја.