Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун истакна дека е потребно значително да ги подобрат своите врски со надворешниот свет.
Обраќајќи ѝ се на својата владејачка партија на третиот ден од конгресот, Ким зборуваше за Јужна Кореја, но не прецизира какви чекори сака да преземе.
„Општата ориентација и политичката позиција на нашата партија е сеопфатно проширување и развој на надворешните односи“, рече Ким, пренесе агенцијата КЦНА.
Што се однесува до економијата, тој призна дека оваа година земјата не ги достигнала посакуваните економски цели.
Ким, кој го наследи својот татко Ким Јонг-ил кон крајот на 2011 година, денес полни 37 години, наведува „Ројтерс“. Тој рече дека е потребно да се преобликуваат односите со Јужна Кореја.
Набљудувачите сметаат дека Северна Кореја првин ќе стапи во контакт со Јужна Кореја за помирување, а потоа и за да навести дека сака разговори со новата американска администрација на Џон Бајден.