Киев планира да го конфискува имотот на „Газпром“ во Украина, како и имотот на оваа руска компанија во странство, изјави украинскиот министер за правда Павел Петренко.
Според него, имотот на „Газпром“, што се наоѓа во Украина, властите веќе го префрлиле во државниот буџет и сега го бараат имотот на украинските должници на руската компанија.
– Во Европа „Газпром“ има многу имот, кој лесно се конвертира во средства. Тоа се гасот во наоѓалиштата, хартии од вредност, парични средства на сметка – истакна Петренко.