Папата Франциск поптиша нов закон со кој го приморува свештенството да пријавува сомнителни случаи за сексуално насилство на нивните надредени и да пријавува случаи во кои се прикриваат вакви злоупотреби, јавува „Дојче веле“.
Во законот се пропишани одредби и за заштита на сврикачите, кои доаѓаат по долгогодишен притисок и бројни скандали со сексуална злоупотреба на деца во католичките цркви ширум светот.
Новиот црковен закон бара сите свештеници, калуѓерки и други ченови на свештенството веднаш да пријават случаи на сексуална злоупотреба на деца или возрасни до властите на Католичката црква. Исто така, тие се задолжени да пријават доколку имаат или се сомневаат оти некој член на свештенството поседува детска порнографија, или прикрива сексуални злоупотребувања и малтретирања.
Додатно, епархиите ширум светот се задолжени да имаат систем преку кој доверливо ќе ги примаат тврдењата, со што жртвите мора да бидат добредојдени и поддржани. Во законот потпишан од папата Франциск пишува и дека приговорите може директно да се пријават во Ватикан доколку е потребно, а свештениците треба да ги следат законите на земјата во која се наоѓаат, за тоа дали треба да го пријават сексуалното насилство до надлежните.
Во воведот на новиот црковен закон, папата Франциск вели се потребни конкретни и ефективни акции кои ги опфаќаат сите во Католичката црва во борба против сексуалното насилство во иднина.
– Злосторствата на сексуалната злоупотреба го навредуваат нашиот Бог, предизвикуваат физичка, психолошка и духовна штета на жртвите и штетат на заедницата на верниците. Иако досега е направено многу, мораме да продолжиме да учиме од горчливите грешки во минатото и да гледаме со надеж кон иднината – додаде папата.