Претседателот на каталонската влада, Квим Тора, денеска изјави дека планира да ја направи Каталонија независна од Шпанија до крајот на 2021 година доколку со тоа се согласат каталонските партии.
Обраќајќи се во регионалниот парламент, Тора рече дека сака предлогот за Каталонска Република да биде готов до следната пролет.
Тој претходно рече дека треба да се одржи нов референдум за самоопределување на Каталонија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Мандатот на регионалниот парламент истекува во декември 2021 година.
Во Барселона во понеделникот почнаа нови протести на Каталонците кога Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затворм, за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.