Италијанската влада на денешната седница усвои декрет со кој се воспоставуваат построги критериуми за хуманитарна заштита на мигрантите, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.
Хуманитарната заштита ќе биде одобрена само за жртвите на експлоатација на трудот, криумчарени луѓе, домашно насилство, природни катастрофи или оние на кои им е потребна медицинска помош, како и на тие кои направиле „дела одредени како граѓанска вредност“, што се однесува на хероизам.
Салвини рече дека евалуацијата на барателите на азил ќе биде суспендирана за оние кои се „опасни за општеството“ или осудени за злосторства.
Тој инсистира со декретот никој никому да не му ги загрозува фундаменталните права.
Декретот, исто така, повикува на намалување на дневниот износ на пари за барателите на азил.