Италијанско воено возило денеска влегло на територијата на Словенија, но наскоро се свртело и се вратило во Италија, соопшти словенечката полиција.
Инцидентот се случил утрото околу 8.20 часот, во пограничниот град Шемпетер кај Горица, пренесе СТА.
Како што се наведува, инцидентот го испитува полицијата, а резултатите ќе ги соопшти Министерството за одбрана.