По трагичните настани викендов во САД, поранешниот американски претседател Барак Обама на Твитер ги повика лидерите да не поттикнуваат страв и омраза.
– Треба да се отфрли јазикот изустен од кој и да било од нашите лидери што ги поттикнуваат стравот и омразата. Лидери кои ги демонизираат оние со друга боја на кожата или убедуваат дека другите, вклучувајќи ги имигрантите, се закана за нашиот стил на живот, или се обраќаат кон други како кон луѓе од понизок ранг, или алудираат дека Америка им припаѓа само на одреден тип луѓе – порача Обама.
Тој испрати сочувство до жртвите на нападите и нивните роднини и истакна дека во ниту една друга земја нема масовни пукотници со таква зачестеност како во САД.
– Ниту една друга развиена земја толерира такво оружено насилство како нашата – вели Обама, критикувајќи ги оние кои сметаат дека построги закони за контрола на носењето оружје нема да ги запрат убиствата.