Ирачкиот пратеник Хасан Салем во неделата повика владата во Багдад да ги прекине врските со земјите од Персискиот Залив, кои потпишаа договори за нормализација со Израел, пконкретно со ОАЕ и со Бахреин, пренесува „Мидл Ист монитор“
Тој ја додаде и Саудиска Арабија во групата бидејќи се знае дека има неофицијални врски со Израел.
– Ирачката влада треба да ги прекине врските со земјите што ги нормализираа односите со ционистичкиот ентитет и ја предадоа палестинската кауза преку нивната поддршка за ционистичкиот ентитет во бомбардирањето цивили и деца и масакрите извршени во Газа. Недостојно е за Ирак, кој секогаш го поддржуваше палестинскиот народ, да има односи со предавниците што продаваа и заговараа против Палестина и нејзиниот народ – рече Салем.
Тој ја истакна потребата ирачката влада да ја напушти лажната политичка учтивост кон овие предавнички режими, кои му биле, како што тврди тој, десна така на Израел во убиството на луѓе во Ирак, Либан, Сирија, Јемен и од неодамна во Палестина.
– Тие го поддржуваат терористичкиот ционистички ентитет, кој изврши масакри врз деца, стари лица и жени – вели Салем.