По долготрајна потрага по Абу Бакр ал Багдади, еден од главните помошници на лидерот на Исламска држава, на ирачките разузнавачки служби им открил во 2018 година како Багдади со години успевал вешто да бега, рекле ирачките власти.
Ал Багдади знаел да води стратешки разговори со своите вработени во комбиња, со кои било превезуван зеленчук, открил Исмаил ал-Етави откако бил фатен од турските власти и предаден на ирачките.
– Етави откри вредна информација која им помогна на ирачките безбедносни агенции да го состават последниот дел од сложувалката од движењата на Багдади и просторот во кој се криел – рекол претставник на ирачките безбедносни служби.
– Етави откри детали, како и поединости за нивните состаноци со Багдади во Сирија, како и за различни локации – рекол извор за Ројтерс.
Ловот на Багдади бил фрустрирачки за западните и арапските разузнавачки агенции, кои со години се обидувале да влезат во трага на човекот кој наметна владеење на терор низ Сирија и Ирак и издаде наредби за масовни егзекуции и обезглавувања.
Ирачките служби го сметале Етави за еден од петмината главни помошници на Багдади. Се придружил на Ал Каеда во 2006 година, а американските сили го фатиле во 2008 година и го затвориле на четири години, велат ирачките безбедносни власти.
Подоцна, Багдади му ги доверил клучните улоги на Етави како што се верското учење и изборот на командант на Исламска држава. По уривањето на групата во 2017 година, Етави заедно со сопругата – Сиријка, побегнал во Сирија