Техеран ќе и дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги следи иранските нуклеарни локации преку камери.
Ова беше објавено по разговорот со шефот на надзорниот орган на ОН за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси.
Оваа информација ја потврдија иранските медиуми, цитирајќи го иранското тело за атомска енергија, објави денеска „Ројтерс“.
– Се договоривме да ги замениме мемориските картички од надзорните камери на МААЕ – рече Мохамед Еслами, цитиран од полу-официјалната новинска агенција ИЛНА.
Само еден ден претходно, иранските државни медиуми тврдеа дека МААЕ нема да има пристап до снимки од камери за надзор на нуклеарни локации во Иран.