Иран денеска претстави нов борбен авион, а претседателот Хасан Рохани порача дека Техеран мора да ја развива војската за да ги спречи другите земји да ја заземат неговата територија и ресурси.
Борбениот авион „Ковсар“ беше прикажан на универзитетот во Техеран, по повод Националниот ден на одбранбената индустрија, при што присуствуваше и Рохани.
Авионот е од четвртата генерација ловци, со повеќенаменски радар и е целосно од домашна изработка.
Иран се соочува со нови американски санкции откако САД се повлекоа од нуклеарниот Договор, а тензиите во регионот на Персискиот залив се постојано присутни.