Иран призна дека ненамерно го соборил украинскиот патнички авион, при што загинаа сите 176 патници.
– Истрагата откри дека ракетите биле испукани како резултат на човечка грешка – рече претседателот Хасан Рухани. Тој ја опиша несреќата како „непростлива грешка“.
Војската соопшти дека авионот летал близу до чувствителна база што ѝ припаѓала на Иранската револуционерна гарда и дека бил регистриран како непријателски авион.
– Исламската Република Иран длабоко жали за оваа катастрофална грешка – рече Рухани.
Иран претходно ги отфрли наводите дека е одговорен за несреќата.
Авионот се урна на 3 јануари, набргу по полетувањето од Техеран. Во летот за Киев имало 176 патници и членови на екипажот, од кои најголемиот дел Иранци и Канаѓани. Несреќата се случи неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз американски бази во Ирак, како одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани по наредба на САД.