Иран објави фотографии и видеа од наводната нова база на Револуционерната гарда, со крстосувачки и балистички ракети и електронско оружје.
Државната телевизија ја претстави базата како град на ракетите и покажа редови од нив во просторијата за складирање со бетонски sидови. Таа не ја откри локацијата на базата.
Алиреза Тангсири, шеф на поморската единица на Револуционерната гарда, рече дека базата има и опрема за откривање непријателски сигнали.
Тој вели дека електронското оружје вклучува радар и системи за надзор, симулација и нарушување.
– Денес, гледаме дел од големиот ракетен капацитет на поморските сили на Револуционерната гарда – рече командантот на Гардата, генерал Хосеин Салами.
Таа елитна иранска единица минатата година објави дека изградила подземни ракетни градови по должината на бреговите на Персискиот Залив.
Иран веќе има една од најголемите ракетни програми на Блискиот Исток, пренесува „Ројтерс“.