Илон Маск откри дека не го поддржал веднаш својот пријател, раперот Канје Вест, во неговата кандидатура за претседател.
Канје го одржа првиот митинг за претседателската кампања во Јужна Каролина откако објави дека планира да се кандидира за претседател на САД на изборите во ноември, кога неговиот добар пријател Илон го повика да ги преиспита своите политички амбиции.
– Дадов сè од себе да го убедам дека 2024 ќе биде подобра од 2020 година – рече Маск во интервју за „Њујорк тајмс“.
„Му испратив порака во која пишуваше, само проверувам, многу луѓе се загрижени, се прашуваат дали си добро“ рече Маск, по низата ексцеси што Канје ги направи откако ја објави својата кандидатура, како твитот во кој вели дека сака да се разведе од сопругата Ким Кардашијан и изјавите дека размислувале за абортус кога Ким била бремена со нивното најстаро дете Норт.
– Тој звучеше добро во разговорот, но ништо друго не изгледа како што треба. Се чини дека има многу проблеми – рече милијардерот.
Откако ги објави плановите за неговата кампања, Канје откри дека планира да му даде место на Маск во својата администрација како шеф на вселенската програма.
Бизнисменот милијардер е можеби најголемата поддршка на Канје, што го потврди со твит во кој тврди дека раперот има целосна поддршка во претседателската кампања.