Во САД денеска за изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се отворени избирачките места, а властите на одделни сојузни држави предупредуваат на можни изборни проблеми, јави Си-ЕН-Би-Си Њуз.
Државните органи на Њу Џерси преку Твитер на граѓаните им упатија порака да внимаваат на „лажните информации за локацијата на избирачките места“.
Поради различните временски зони први на гласање излегоа жителите на Вермонт. Во најголем број избирачки места гласањето ќе трае 12 часа.
Првите затворени биралишта ќе бидат во Кентаки и во Индијана, а потоа и ширум југот на САД вклучително и клучните за овие избори сојузни држави Џорџија и Флорида.
Американците бираат 435 членови на Претставничкиот дом чиј мандат е две години, и третина членови на Сенатот – 35 од вкупно 100 за нивни 6-годишен мандат. Освен тоа, 36 амесрикански држави денеска бираат и гувернери. Овие избори ќе бидат своевиден тест како за републиканскиот претседател Доналд Трамп така и за Демократската партија.