Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку три сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот.
-Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус, изјави за грчката агенција АНА директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас.
Поместувањето е претежно воочено на хоризонтално ниво додека верикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.