Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеехофер, кој во повеќе наврати ја критикуваше канцеларката Ангела Меркел поради миграциската политика, но и за други прашања, призна дека „таа е најдобра“ и оти ќе недостасува, пренесе ДПА.
Тој зборуваше на партиската конференција на Христијанско демократската унија неколку часа пред да биде избран наследникот на Меркел на позицијата претседател на владејачката партија.
– Кога ќе преживеете толку многу, колку Ангела Меркел и јас, се создава врска, понекогаш дури и приврзаност – рече тој.
Зеехофер е шеф на конзервативната Христијанско социјална унија, баварската сестринска партија на ЦДУ. Неговите тврди ставови во однос на миграцијата, летото доведоа до распаѓање на трипартиската коалиција.