Францускиот министер за култура Франк Ристер ги поттикна неговите сонародници да го намалат употребувањето на англиските зборови во нивниот говор. Ова е обид за зачувување на францускиот јазик, иако дури и самиот претседател на Франција, Емануел Макрон, честопати вметнува англиски зборови во неговите говори, пренесува „Ројтерс“.
Франција е земја горда на своите јазик и култура, и постојано е во борба да го заштити од влијанието од англискиот јазик и американскиот начин на изразување кои ги нарекуваат „англосаксонизми“.
Ристер ја изнесе молбата синоќа на социјалната мрежа Твитер по повод 25-годишнината од донесувањето на законот за употреба на францускиот јазик на телевизија и радио.
Сепак, беа упатени критики кон ваквите патриотски гледишта, бидејќи многу француски бизнисмени, па дури и премиерот Макрон, честопати употребуваат англизми во нивните говори.
– Врвни француски компании редовно употребуваат англиски слогани наместо француски, како што се рекламите на Рено со наслов „Never too much“ (Никогаш премногу), и постерите на „Ер Франс“, „France is in the air“ (Франција е во воздух) – истакна Кристоф Куртоа, извршен директо на француското кино.
Законот Лој Тобон од 1994 година, наречен по тогашниот министер за култура Жак Тобон, ја направи употребата на францускиот јазик задолжителна на телевизија, што значи дека сите програми кои не се ја француски јазик се синхронизирани, а 40 отсто од времето музичките програми во текот на денот емитуваат француска музика.
– Законот на Тубон е стар 25 години! Според толкувањето на членот 2 од нашиот Устав, јазикот на земјата е француски. Нашите животи би биле многу поразлични доколку не се почитува овој член од Уставот. Зборувајте француски – се вели во твитот на Ристер.
За потсетување, во 2006 година францускиот претседател Жак Ширак напушти самит на Европската Унија во знак на протест откако францускиот шеф за одделот на индустрија се обрати на водачите на Унијата на англиски јазик.