Аргентинскиот пратеник Ектор Оливарес и неговиот советник, Мигел Јадон, денеска биле застрелан во близина на зградата на Националниот конгрес на Аргентина.
Врз двајцата утрово бил отворен оган од автомобил во движење и врз нив биле испукани најмалку шест куршуми. Помошникот на Оливарес починал на лице место, а пратеникот бил пренесен во болница во Буенос Аирес и врз него била извршена операција. Во моментов неговата состојба е сериозна, изјавија официјални лица.
Според полицискиот извештај, Оливарес бил застрелан во нога, а Јадон во стомакот. Министерката за безбедност на земјата го опиша настанот како напад извршен во мафијашки стил.
Медиумите истакнуваат дека Оливарес во средата учествувал во парламентарна расправа за законот со кој би се ограничил криминалот на фудбалските хулигани. Аргентинските власти сè уште не утврдија поврзаност помеѓу обидот за атентат и расправата за законот.