Еден затвореник починал вчера по немирите во затворот во Модена, Италија, пишува „Гардијан“.
Немирите избувнале кога затворениците дознале дека со новата уредба за итни случаи, им се забрануваат посети и контакти со нивните најблиски, поради коронавирусот, со цел да се спречи ширењето на заразата.
Немири имало и во затворите во Салерно и во Фросиноне по ширењет на веста за забраната за посети.