Европската Унија отфрли делови од американскиот мировен план според кој Израел би ги задржал своите населби во окупираниот Западен Брег, наведувајќи дека предлозите на претседателот Доналд Трамп се во спротивност со меѓународно договорените параметри.
 
Владите на ЕУ ги отфрлаат израелските населби на територијата што ја окупира Израел по војната во 1967 година, вклучувајќи ги Западниот брег, Источен Ерусалим и Голанската Висорамнина, а шефот на европската дипломатија, Џозеп Борел, го повтори тој став, пренесува „Ројтерс“.
 
– Чекорите кон анексија, доколку се спроведат, не може да поминат неспорно – рече Борел, заострувајќи го својот став за планот на Трамп во однос на јануари кога американскиот претседател го воведе.