Европската унија предложи зголемување на буџетот за вселенската програма од 50 проценти, на 16 милијарди евра.
Новиот буџет за период од 2021 до 2027 година ќе ја зајакне улогата на ЕУ во вселенските истражувања во светот, соопшти Европската комисија.
Тие истражувања помагаат во управување со земјиште, урбано планирање, за оптимизирање на крајбрежниот сообраќај, набљудување на Земјата, телекомуникациите и навигацијата, како и за други активности.
Европската комисија наведува дека во непредвидливиот геополитички контекст, вселенските активности имаат сè поголемо стратешко значење.
-Вселената е прашање на наука, истражувања и меѓународна соработка и има многу практична улога во смисла на поттикнување иновации, економски раст и безбедност – се наведува во соопштението.
ЕУ наведува и дека европскиот вселенски сектор, вреден меѓу 53 и 62 милијарди евра, вработува 231.000 лица и оти ЕУ произведува третина од сателитите во светот.