Високата претставничка за надворешни работи на Европска Унија, Федерика Могерини, најави дека ЕУ размислува да формира контакт група за справување со политичката криза во Венецуела.

Могерини подвлече дека ЕУ не го омекнува ставот кон Венецуела и дека само демократско политичко решение може да значи излез од кризата.

Со контакт групата, ЕУ сака да разгледа можност за посредување во политичкиот процес.

– Тоа би било начин да се биде во контакт со разните партии, не само од власта, туку и од опозицијата, како и регионалните актери и да се разгледа можноста за создавање услови за да почне политички процес истакна  Могерини.

Таа додаде дека ЕУ не сака да „создаде очекувања“.

 

– Загрижени сме што има недостаток на политички процес, тензиите можат да се влошат за граѓаните, меѓу кои има и европски граѓани. Сакаме да видиме дали ЕУ може да одигра корисна улога и да избегнеме состојбата да оди од полошо на полошо- изјави високата претставничка по денешниот министерски состанок.