Европската Комисија порача дека е „многу загрижена“ што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на ЕУ.
-Ниската имунизација во една земја ги става во опасност безбедноста и здравјето на граѓаните во цела Европа. Вакцинацијата е акт на солидарност, изјави Анка Падурару, портпаролка на ЕК.
Изјавата се однесува на Италија, Франција и Грција, јави дописникочката на МИА од Брисел.
Новата популистичка италијанска влада неодамна најави дека вакцинациите нема повеќе да бидат задолжителни.