Едно лице загина во невремето што вечерва зафати делови на Австрија, јавија локалните медиуми.
Во градскиот парк во Грац гранка од дрво паднала врз еден човек и го усмртила, информира претставник на противпожарната служба во градот.
Невремето во Австрија било проследено со обилни врнежи и силен ветар.