Европскиот парламент усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ поради антирасистичките протести по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд.
За резолуцијата гласаа 493 европратеници, 104 беа против и 67 воздржани.
Во резолуцијата се наведува дека трговијата со робови е злосторство против човештвото и остро се осудува смртта на Џорџ Флојд во САД, но и слични убиства на други места во светот.
Европскиот парламент ги поддржува демонстрациите, а оттука наведуваат дека ја осудуваат и реториката на американскиот претседател Доналд Трамп.