Австралиските власти евакуираа околу 2.000 луѓе во северниот дел на континентот, поради најава за силен циклон, кој се очекува утре да го погоди тоа подрачје.
Жителите од оддалечени, главно домородни заедници на источниот брег на Северната територија, беа евакуирани по воздушен и копнен пат во главниот град на тој регион, Дарвин.
Австралиската метеоролошка канцеларија соопшти дека се очекува циклонот Тревор, со ветрови кои достигнуваат 260 километри на час, да донесе поројни дождови и опасни бранови.
Гувернерот на Северната територија Мајкл Ганер изјави дека вонредната состојба е прогласена во делови од западниот брег на Карпентарискиот Залив, кој треба да го погоди циклонот.