Најозлогласениот гангстер во Холандија, Вилем Холејдер е прогласен за виновен за нарачка на серија на убиства во светот на организираниот криминал, јавува Би-би-си.
Холејдер (61) стана познат во криминалните структури уште во 80-ите години на 20-тиот век, кога го киднапраше тајкунот Фреди Хајнекен. Тој потоа стана еден од најослогласените криминални босови.
По долгото и скапо судење во Амстердам, Холејдер е обвинет за нарачка на пет и извршување на едно убиство, па остатокот од животот ќе го помине во затвор.
Судот дополнително дозна дека тој формирал криминална банда и нарачувал ладнокрвни убиства со неговиот соработник Дино Сорел. Најдолгото судење за убиство во историјата на Холандија беше спроведено во суд во Амстердам наречен „бункерот“.
Адвокатите на криминалниот холандски водач рекоа дека ќе поднесат жалба.