Секретарот за безбедност за внатрешни работи на САД Кирстен Нилсен, тврди дека администрацијата на Трамп едноставно го спроведува законот, бранејќи ја имиграционата политика на САД за одвојување на децата од своите родители.
Администрацијата на Трамп во понеделникот се бореше да ја одбрани својата политика на раздвојување на родителите од нивните синови и ќерки на јужната граница на САД.
На објавената снимка која трае осум минути, децата плачат за своите родители, додека еден федерален агент кажува шеги.
Додека Белата куќа се бореше да одговори на продлабочувањето на политичката криза, секретарот за внатрешна безбедност, Кирстен Нилсен, од Њу Орлеанс пристигна во Вашингтон за да се соочи со прашањата на новинарите, дури и кога демократите побараа нејзина оставка.
Нилсен тврди дека Америка отсекогаш била земја со “сочувство” и “срце“.
Трамп многупати се најде во центарот на многу морални бури откако стана претседател пред речиси 18 месеци, но тие почесто се поврзани со зборови отколку со дела.
-САД нема да стане камп за мигранти и нема да бидат објект за сместување на бегалци. Тоа едноставно нема да случи. Ако погледнете што се случува во Европа, ако погледнете што се случува на други места, не можеме да дозволиме тоа да се случи во САД, барем не додека сум јас на власт, се огради претседателот Трамп.
Меѓутоа, со разделбите на границите се чини дека се премина границата, се појави аудио снимка, како и ужасни фотографии на деца цели во солзи во оградени кафези, прекриени со фолии, а сето тоа предизвика медиумите да направат споредби со концентрационите логори.
Политиката на Трамп индиректно ја критикуваше и неговата сопруга Малеанија која преку портпаролката порача:
„Жал ми е да ги гледам децата одвоени од семејствата и се надевам дека и двете страни ќе се договорат и ќе постигнат успешна миграциска реформа“.