Два милиона возрасни лица во Америка биле жртви на разни видови измами. Вкупната вредност изнесува 750 милиони долари, соопшти американското Министерство за правда.
За изминатите 12 месеци, во САД се изречени 255 пресуди за измами. Најчести се измамите со повик од фиктивна техничка поддршка. Речиси 142.000 Американци се жртви на таква измама.
Сценариото е прилично едноставно. На компјутерот на жртвата се појавува прозорец што укажува на технички грешки. Таму е посочен и телефон за техничка помош. Најчесто тие броеви се базирани во Индија. Откако ќе се јават, од жртвите се бара привремен пристап до нивниот уред за да го решат проблемот. Како резултат на тоа, тие се насочуваат кон луѓе во САД, кои се одговорни за собирањето пари.
Во текот на изминатите 12 месеци, властите идентификуваа 600 лица кои ги собираат парите и ги испраќаат во странство.