Жители во сирискиот пограничен град Рас ал Аин се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објавија локални медиуми.
Според курдски извори, во досегашните напади се убиени двајца цивили, а околу 20 се повредени.
Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата Сириски демократски сили, а 16 се повредени.
Медиумите пренесуваат дека турското воено воздухопловство извршило вкупно 16 напади врз позиции на курдските бунтовници, врз нивни контролни пунктови и бази, при што густи облаци од чад се издигнуваат над тие реони.
Според информациите, во меѓувреме се зголемува приливот на бегалци од граничните населени места.