Две лица се повредени денеска кога воз што превезувал нафта се судри со камион во близина на градот Варезе во северна Италија.
При судирот, возот го преполовил каминот, но возачот, по потекло од Украина, успеал на време да скокне од возилото. При судирот нема оштетувања на вагоните со нафта.
Причините за судирот засега не се познати, а полицијата започна истрага за случајот.
Несреќата предизвика застој во железничкиот сообраќај и големи доцнења на возовите што сообраќаат меѓу Италија и Швајцарија.
Ова е трета посериозна железничка несреќа во северниот дел на Италија од почетокот на годината.