Противпожарните екипи се обидуваат да го скротат огромниот пожар што изби во рафинеријата на „Маратон петролеум“ во Карсон, Калифорнија, каде што пламените достигнуваат најмалку 30 метри висина, пренесува РТ.
Според информациите, наводно имало експлозија во кулата за ладење на рафинеријата пред да избувне пожарот околу 30 километри од центарот на Лос Анџелес.
Снимките на очевидци од местото на настанот го покажуваат обемот на пожарот додека се шири низ делови од објектот во раните утрински часови.
Пожарот ги принуди властите да ги затворат автопатиштата, додека противпожарната служба во округот Лос Анџелес се обидуваше да го стави пожарот под контрола.
Полицијата потврди дека не е потребна евакуација, но постави безбедносен периметар околу објектот и рече дека ќе го следи квалитетот на воздухот како мерка на претпазливост.
Рафинеријата е најголема на Западниот брег на САД, со капацитет на сурова нафта од 363.000 барели на ден.