Германската служба за контрола на летање одби да дозволи летови на два руски авионa С7, објавија од седиштето на руската компанија.
– Летовите на нашите авиони на релација Москва-Берлин и на релација Берлин-Москва се откажани, бидејќи германските власти не дадоа одобрување – се наведува во изјавата на руската компанија, што ја пренесува ТАСС.
На сите патници на откажаните летови ќе им бидат исплатени надоместоците, потврди руската компанија С7.