Во главниот град на Полска, Варшава денеска се одржа протест на кого демонстрантите бараа зголемување на платите во јавниот сектор.
Според варшавската полиција на протестот учествувале околу 26.000 луѓе.
– Не можеме да живееме од плата до плата… нашите семејства гладуваат, изјави Јан Гуз од синдикатот ОПЗЗ, кој брои околу 500.000 членови.
Полска од почетокот на минатата година бележи постојан раст на бруто домашниот производ во висина од четири до пет проценти во секој квартал на годишно ниво. Но, економистите предупредуваат дека ќе расте притисокот за зголемување на платите, а исто така ќе се зголемува и недостигот од работна сила.