Историчарите во јужна Полска денеска објавија дека откриле остатоци од авион од Втората светска војна што го користеле Советските воздушни сили, а кој бил соборен пред 75 години.
Делови од авионот „Б-25 Мичел“, од американско производство, како и човечки остатоци биле откриени во близина на градот Бирун каде, според сведоците, авионот бил соборен на 19 јануари 1945 година, објави Регионалниот музеј за историја на својата фејсбук-страница.