Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други земји во светот.
Баварските здравствени работници потврдија вчера дека со вирусот е заразен жител на Стамберг, место оддалечено триесетина километри од Минхен.
Заразеното лице засега е во добра состојба и под постојан надѕор на лекарите. Не се објавени детали за болниот, ниту неговата возраст и националност.
Луѓето кои биле во контакт со пациентот се известени за можни симптоми на болеста, односно мерките кои требаат да ги преземат во случај на промена на здравствената состојба, објави баварската здравствена служба.