Керолин Б. Малони од американскиот претставнички дом, која е потпретседателка на Мешовитиот економски комитет во Домот, објави нов извештај во кој се проценува дека вооруженото насилство годишно ги чини САД, 229 милијарди долари.
Трошоците се проценуваат во сите 50 држави. Загубените приходи претставуваат најголем удар врз економијата, се истакнува во извештајот. Трошоците на работодавците, одговорите на полицијата и судските процеси, како и здравствениот третман се меѓу другите големи трошоци.
-Трите најголеми држави по население, Калифорнија, Тексас и Флорида, носат најголеми трошоци од насилството со оружје. Ваквото насилство ја чини Калифорнија 18 милијарди долари годишно, проследено со 16,6 милијарди долари за Тексас и 14 милијарди долари за Флорида, се вели во извештајот.
Државите со високи стапки на сопственост на оружје, како Алјаска, Арканзас, Ајдахо, Монтана, Западна Вирџинија и Вајоминг, исто така имаа највисоки стапки на самоубиство со пиштоли. Алјаска имаше најголема стапка на смртност од оружје по глава на жител од сите 50 држави.
Децата и тинејџерите, исто така, се изложени на поголем ризик од повреди или смрт од оружје во споредба со оние во другите развиени земји.
-Децата сега одат на училиште во Њујорк со ранци отпорни на куршуми и прават вежби во нивните училишта за да се заштитат од вооружено насилство, рече Малони за време на брифингот.