Авионот на алжирската Влада, кој минатиот месец го однесе претседателот Абделазиз Бутефлика во Женева на лекување, денеска го напуштил алжирскиот воздушен простор кон север, покажуваат податоци од радар.
Бутефлика (82) ретко се појавува во јавност откако доживеа мозочен удар во 2013 година, а неговата намера да го продолжи своето 20-годишно владеење ги предизвика најголемите протести во земјата во последните 28 години, со десетици илјади Алжирци кои излегоа на улица.
Авионот на Владата „Галфстрим 4СП“, се до денеска не беше виден да заминува од Алжир откако алжирски функционери во февруари објавија дека Бутефлика отпатувал во Женева на лекарски проверки.
Алжирските власти не даваат информации за здравствената состојба на Бутефлика, ниту за дестинацијата каде се наоѓа.