Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин постигна прелиминарна спогодба во износ од 25 милиони долари со десетина жени кои го обвинија за сексуално вознемирување, велат неговите адвокати, пренесува Би-би-си.
Околу 30 актерки и поранешни вработени ќе ја поделат исплатата од договорот. Но сепак, договорот ќе треба да го потпишат сите страни.
Вајнстин следниот месец се соочува со одделно кривично судење поради обвиненија за силување и сексуално вознемирување, кои обвиненија тој ги негира.
Доколку биде осуден, холивудскиот продуцент би можел да се соочи со доживотна затворска казна.