Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, кој беше познат критичар на мерките за штедење поддржани од Берлин во екот на должничката криза во еврозоната, ќе се кандидира во Германија на европските избори следната година.
Движењето „Демократија во Европа“ (ДиЕМ25) што тој го оформи во 2016 година, за да го „демократизира” континентот, информираше дека Варуфакис е нивни кандидат за изборите за Европскиот парламент во мај 2019 година
– Ја прифаќам номинацијата, бидејќи ја симболизира новата транснационала политика, од која имаме потреба во Европа”, изјави тој на прес-конференција во Берлин, каде што неговите колеги поставија банер со натпис „Европска пролет”.
– Ве повикувам сите вас да ни се придружите во ова паневропско барање на демократијате во Европа, демократија во Германија, како услов за просперитет и автентична демократија, рече тој.
Варуфакис (56) беше министер за финансии шест месеци во 2015 година во кабинетот на премиерот Алексис Ципрас, но сеповлече кога Грција потпиша трета по ред кредитна програма.