Добивката од вакцинацијата против ковид-19 им помогна на најмалку девет лица да станат милијардери, неодамна објави Алијансата за народни вакцини, повикувајќи на укинување на монополската контролата на фармацевтските корпорации над технологијата за вакцини, пренесува АФП.
– Меѓу нив, девет нови милијардери имаат заедничко нето-богатство од 19,3 милијарди долари (15,8 милијарди евра), што е доволно 1,3 пати да ги вакцинираат сите луѓе во земјите со ниски примања – се вели во соопштението на групата.
Алијансата, мрежа на организации и активисти кои се залагаат за укинување на имотните права и патентите за инокулации, соопштија дека нејзините податоци се засноваат на информации од Форбсовата листа на богати.
– Овие милијардери се човечки облик на огромниот профит што многу фармацевтски корпорации го остваруваат од монополот што го имаат над овие вакцини – рече Ана Мериот од добротворната организација „Оксфам“, која е дел од групата.
Освен новите мегабогаташи, осум постојни милијардери гледаа како нивното заедничко богатство се зголемува за 32,2 милијарди долари благодарение на воведувањето вакцини, соопшти Алијансата.
На врвот на списокот на нови милијардери се извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел и неговиот колега од „Бионтекс“, Угур Шахин.
Уште тројца се коосновачи на кинеската компанија за вакцини „Кансино биолоџикс“.