Италијанската полиција на една јахта во близина на бреговите на Сицилија заплени 11 тони хашиш, при што се приведени двете лица што се наоѓале бродот, кои биле бугарски државјани.
Полицијата дејствувала по добиени оперативни информации од Шпанија.
Јахтата била пресретната во реонот на Рагуза, по што била однесена во пристаништето Поцало, каде бил извршен детален претрес и откриена дрогата.
Полицијата претпоставува дека хашишот бил натоварен на 19-метарската јахта во Мароко и требало да биде пренесен до Либија.