Бројот на жртви на новиот коронавирус се зголеми на 17 лица, додека бројот на заболени се искачи на 540, соопштија властите во Кина.
Изворот на вирусот се верува дека е сличен на грип од животинско потекло, а Светската здравствена организација се состана денеска за да одлучи дали болеста е светска здравствена криза, пренесува CNBC.
Вирусот се шири од кинескиот град Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи на оваа болест се потврдени во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.
Кинеските власти велат дека вирусот се карактеризира со тоа што се адаптира и мутира, пренесува „Ројтерс“.