Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предупреди дека Европската Унија нема намера Белорусија да ја направи втора Украина и дека треба да продолжи дијалогот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.
– Тензиите меѓу Европа и Русија завршија со пукање, насилство и распад на украинската територија што продолжува – рече Борел во интервју за весникот „Паис“.
Борел подвлече дека дијалогот со Лукашенко треба да продолжи и да ја спореди ситуацијата во Белорусија со ситуацијата во Венецуела.
Борел е дециден дека ЕУ треба да го продолжи дијалогот со Лукашенко и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, иако – не го признава нивниот демократски легитимитет. –
Белоруската опозиција ги отфрли резултатите од претседателските избори, според кои Лукашенко тврди дека освоил 80 проценти од гласовите.
Претходно, Лукашенко му наложи на Министерството за одбрана да преземе „најстроги мерки“ за одбрана на територијалниот интегритет на Белорусија.