Во центарот на Оксфорд, Англија, денеска дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружен напаѓач, откако едно лице беше рането.
Вооруженото лице пукало кон полицијата, која возвратила со оган.
Според Би-Би-Си, полицијата во моментов преговара со напаѓачот.
Претходно, итната медицинска помош соопшти дека едно лице е рането и се здобило со лесни повреди.
Полицијата го блокираше центарот на Оксфорд, на терен има 10 полициски возила, а кружи и хеликоптер.